
Дипломатските односи меѓу Босна и Херцеговина и Израел се компликуваат откако израелското дипломатско претставништво го поддржа барањето на повеќето партии на тамошните Хрвати за измена на изборниот закон поради што министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ, во вторникот упати протестна нота.
Од министерството за надворешни работи во Сараево соопштија дека министерката Турковиќ му упатила демарш на министерството за надворешни работи на Израел, како и до израелската амбасада во Тирана којашто нерезидентно ја покрива БиХ.
Побрала притоа „појаснување на ставовите и целта на документот објавен во медиумите“ и кое во понеделникот им е испратен од Тирана.
„Секаква поддршка на изборната реформа која би ги дискриминирала граѓаните на Босна и Херцеговина поради нивните етнички или верски припадности недвосмислено е отфрлена од повеќето парламентарни партии во БиХ“, стои во пишаната протестна нота на шефицата на босанскохерцеговската дипломатија.
Амбасадата на Израел за БиХ објави во изјавата дека го поддржуваат ткн Дејтонски устав на БиХ, што значи и неговите одредници за рамноправност на конститутивните народи.
„Еден од начините да се одржат овие клучни принципи е низ легитимнотo претставување, што го потврди и Уставниот суд на БиХ (во случајот Љубиќ), а без кого системот на консоцијациска демократија не е ниту спроведлив ниту одржлив. Со тоа во врска пресудата во случајот Сејдиќ-Финци, како и другите пресуди на Европскиот суд за човекови права само треба да бидат спроведени“, стои покрај другото во изјавата.
Оваа изјава бошњачките партии и некои политичари веднаш ја протолкува како директна поддршка за барањето на една од партиите на Хрватите HDZ BiH во однос на безуспешната расправа за измените на изборниот законик.
Членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, кој Хрватите го сметаат за претставник кој им го наметнало бошњачкото мнозинство, изјавата на израелската амбасада ја опиша како контрадикторна, со тврдењето дека таа всушност заговарала нееднаквост на граѓаните на БиХ, како и на консоцијацискиот модел на државното уредување, коешто според него одамна е напуштен во демократскиот свет како дискриминаторски.
„Ја повикувам пријателската земја Израел да ги отстрани нејаснотиите кои ги хранат различните ‘интерпретатори’ и јасно да каже дали ставот е свртен кон поддршка на еднаквост на сите граѓани, а меѓу нив и нашите сограѓани Евреи во БиХ, како универзален меѓународен принцип или, сепак, е искажана поддршка на дополнителните етнички поделби, јакнење на системската дискриминација и нееднаквоста на гласот“, изјави Комшиќ.
Од соопштението на израелската амбасада незадоволен беше и претседателот на Еврејската заедница во БиХ, Јакоб Финци кој подолго до деценија ја чека пресудата што во негова и во полза на Дев Сејдиќ ја донесе Европскиот суд за човекови права. Судот утврдил дека двајцата се дискриминирани во изборниот процес како припадници на национално малцинство, бидејќи не можат да се кандидираат за членови на Претседателството на БиХ, ниту да бидат пратеници во Домот на народите на парламентот.
Финци изјави дека му е чудно што за толку чувствително прашање се изјаснува амбасадата а не министерството за надворешни работи на Израел, додавајќи дека сето тоа е веројатно резултат на лобирањето на Драган Човиќ и Милорад Додик, хрватскиот и српскиот челник, кои неодамна одвоено престојуваат во Израел.
„Имајќи предвид дека тоа е став на исклучиво една политичка партија, не можам дури да кажам ниту еден народ, поради тоа многу тешко со тоа можам да се согласам“, изјави Финци за порталот на сараевскиот дневен весник Dnevni avaz.