
Град Скопје наскоро ќе го презентира планот за штедење на електрична енергија. Планот, како што денеска изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, е сеопфатен и содржи интервентни мерки на штедење.
Несакајќи да открива детали, Арсовска најави дека деновиве ќе биде презентиран планот пред јавноста.
– Верувам дека сите институции треба соодветно пред оваа енергетска криза што следи во зимскиот период да се добро подготвени и да направиме се што е можно да ја надминеме оваа енергетска криза, а понатаму да прибегнеме кон штедење на непродуктивните трошења, рече Арсовска, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Радишани.