
Министерството за правда предлага нов член „Безобѕирно управување со моторно возило“, кое би се водело како кривично дело и би можела да се добие затворска казна до три години.
При возење под дејство со повеќе од 1,50 г/промили во крвта или под дејство на дроги и психотропни супстанци, како и возење во забранет правец, претекнување колони возила на непрегледно место и возење со над 70 км/ч ќе се казнува како кривично дело и се предвидуваат парични или затворски казни.
Министерството за правда смета дека со вакви промени на законот ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се намали бројот на жртви.