
Еден човек со нож бил застрелан од полицајци на аеродромот Шарл де Гол во Париз во средата.
Граничните полицајци „покажаа присебност“ додека го неутрализираа заканувачот, објави полицијата на Твитер.
Според локалните медиуми, сторителот бил бездомник. Тој пристигнал со нож на терминалот 2F на аеродромот и почнал да се однесува агресивно.
Полицијата наводно во неколку наврати барала од него да го остави оружјето, но тој одбил да го стори тоа.
Како што се наведува, пукале кога мажот ги нападнал полицајците. Тој бил ранет во пределот на стомакот и брзо добил лекарска помош, но подоцна им подлегнал на повредите.