
ПСЖ сака да го ангажира напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд во тековниот преоден рок.
Парискиот клуб со неговите претставници разговара за можен трансфер на 24-годишниот напаѓач.
Преговорите се одвиваат добро, пишува „ParisFans“, повикувајќи се на „L’Equipe“.
Договорот на Англичанецот со Манчестер јунајтед е до летото 2023 година. За прв пат информациите за интересот на ПСЖ за него се појавија во јануари оваа година.