Раст на Токиската берза, доларот ја обновува моќта

На азиските берзи најважните индекси во петокот имаа мешана изведба, при што отскокнува токискиот Nikkei кој порасна за повеќе од 2 отсто, додека на девизните пазари американскиот долар повторно добива во моќта откако на вложувачите им станува јасно дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе продолжи со циклусот на монетарно заострување.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции без јапонските околу 7 часот утрото во петокот не забележа промени. Стагнираше и јужнокорејскиот индекс Kospi, додека австралискиот S&P/ASX ослабе за 0,75 отсто, а во благ минус беа и главните кинески берзански индекси во Шангај и Хонгконг.

Според силната изведба, меѓутоа, отскокнува индексот Nikkei, кој беше во плус 2,4 отсто, „одработувајќи“ го така залетот на цените на акциите кои глобалните берзи го остварија ден претходно носени од подобриот од очекуваното извештај за инфлацијата на потрошувачките цени во САД, а Токиската берза поради празниците беше затворена.

Вложувачите во јапонските акции ги охрабри и веста дека јапонскиот премиер Фумио Кишида во петокот најави дека владата ќе излезе со мерки за помош на граѓаните соочени со растечките цени на горивата и храната. Иако инфлацијата во Јапонија не е толку висока како во остатокот од светот, и натаму се движи над 2 отсто, колку што цели јапонската централна банка.

„Доколку сте во потрага за вложувања, азиските акции всушност и не се скапи. Но мислам дека таму постои ризик од забавување на растот, особено во Кина, па мислам дека тоа ќе ја ограничува вкупната пазарна изведба“, вели за Reuters Еди Лох, инвестициски стратег во „Maybank Group Wealth Management“.

 

Доларот ја враќа моќта, нафтата поевтини

На девизните пазари, индексот на доларот порасна во петокот во рано претпладневното тргување за 0,1 отсто, на 105,21 поени, бидејќи инвеститорите очекуваат дека Fed и покрај подобрите од очекуваните податоци за инфлацијата во САД во јули, ќе продолжи со циклусот заострување на монетарната политика.

Притоа курсот на еврото ослабе во однос на доларот за скромни 0,02 отсто, на 1,0311 долари а курсот на јенот за 0,12 отсто на 133,19 јени за долар.

„Пазарот сфати дек Fed им уште многу работа на сузбивањето на инфлацијата и дека до крајот на годината каматните стапки во САД ќе достигне и 4 отсто“, истакнува Керол Конг, валутна аналитичарка во „ Commonwealth Bank of Australia“ која смета дека тоа би можело повторно да го поддржи курсот на американскиот долар, кој ослаби откако во средата беше објавен податокот за забавувањето на јулската инфлација во најголемата светска економија на 8,5 отсто.

Доларот на индексот од почетокот на годината и натаму е во плус 10 отсто, откако Fed од март ги подигна каматните стапки за вкупно 2,25 процентни поени.

На нафтените пазари во петокот претпладнето барелот од марката сирова нафта Brent во Лондон поевтини за 0,63 отсто на 98,97 долари, а барелот од марката WTI на американскиот пазар за 0,69 отсто на 93,69 долари. И покрај тоа, од почетокот на седмицава цената на Brent и натаму е во плус од 4 отсто, а WTI за 5 отсто.