
Едно лице загинало а десетици други се повредени откако силен ветер предизвикал уривање на дел од бината на музички фестивал во близина на шпанскиот град Валенсија во раните утрински часови во саботата, соопштија регионалните служби за итни случаи.
Другата инфраструктура на „Медуза Фестивалот“ исто така е оштетена. Станува збор за голем шестдневен фестивал на електронска музика кој се одржува во градот Куљера, јужно од Валенсија.
Три лица имаат сериозни трауматски повреди, а 14 се полесно повредени, објави на Twitter регионалната служба за итни случаи. Регионалните здравствени власти подоцна соопштија дека се згрижени вкупно 40 лица. Загинатиот е 22-годишне маж кого го удрил дел од бината.
„Потполно сме скршени и тажни поради тоа што се случи утрово“, објавија организаторите на Facebook страницата на фестивалот. Додаваат дека „исклучителните“ временски услови предизвикале штета на разна инфраструктура на фестивалот.
„Околу четири часот утрото неочекувани и силни ветрови уништија одредена област на фестивалот, присилувајќи ја управата да донесе итна одлука за напуштање на концертниот простор за да се гарантира безбедноста на посетителите, работниците и уметниците“, додаваат организаторите.
Фестивалот, на кој до понеделникот се очекувало да се соберат околу 320.000 посетители, започнал во петокот со електронската музичка програма, засега е прекинат. Организаторите во петокот попладнето ја отстраниле сета пиротехника во просторот, поради опасност од предизвикување пожар поради големите горештини.
„Во состојба сме на шок бидејќи бевме оддалечени од 30 метри (од бината). Можев да бидам јас, можеше да биде кој и да е друг“, изјавил за телевизијата TVE Хезус Каретеро, кој присуствувал на фестивалот со својот брат.
Националната метеоролошка агенција АЕМЕТ објави дека во текот на изминатата ноќ имало „силни удари на ветер и остар раст на температурата“, со налети од 82 километри на час забележани на аеродромот во Аликанте во регионот на Валенсија.
‼️Esta madrugada se han producido reventones cálidos en muchos puntos de la costa valenciana acompañados de vientos muy fuertes.
El #Cullera han afectado al @Medusa_festival donde se han desplomado estructuras. Hay, al menos, un fallecido y decenas de heridos
Video: @dracoelbraco https://t.co/l8j06lMV5k pic.twitter.com/XXAbRDLmcb— VOST Comunitat Valenciana (@VOSTcvalenciana) August 13, 2022