
Осомничениот за нападот во Ерусалим, во кој се повредени осум лица, и се предал на полицијата.
Полицијата засега не соопштува детали за неговиот идентитет. Нападот уследи по тензиите меѓу Израел и Палестинците во Појасот Газа и Западниот Брег.
Нападот бил извршен во раните утрински часови врз автобус во близина на Стариот град во Ерусалим. Тогаш, полицијата соопшти дека се сомнева дека напаѓачот е Палестинец. Тој пукал во автобусот додека возилото чекало на паркинг во близина на Ѕидот на плачот.
Напаѓачот побегнал од местото. И израелските безбедносни сили почнаа да го пребаруваат соседниот палестински кварт Силван за да го пронајдат напаѓачот.
Осумтемина повредени се израелски државјани. Двајца од нив се во тешка состојба, меѓу кои и трудница со рани во стомакот и маж со прострелни рани во главата и вратот.