Ниеден Универзитет, Колеџ или Факултет од С. Македонија не се најде на Шангајската листа на Академско рангирање на светските универзитети за 2022 година. На Шангајската листа за годинава, рангирани се 2,500 универзитети од светот.
„Да повториме, НИЕДЕН не е рангиран. НИЕДЕН, објави опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, на Шангајската листа за оваа година, каде се рангирани се 2,500 универзитети од целиот свет, најдобри се: Harvard, Stanford, MIT, Cambridge, UC-Berkeley, Pricenton, Oxford и Columbia.
Универзитетите во Белград, Загреб, Љубљана се наоѓаат од 401 до 500 место на листата.