
Индија во понеделникот одбележа 75 години од независноста од Велика Британија, а премиерот Нарендра Моди одржа говор од историската Црвена тврдина, која беше украсена со портрети од борци за слобода, а беа чувани од механички слонови.
По истрелувањето на почесните плотуни од хаубица изработена во Индија првпат во согласност со индустриската стратегија на Моди – „Made in India“, премиерот изјави дека Индијците би требало да го отфрлат „колонијализмот од своите умови и навики“.
„Стотината години колонијализам ги ограничија нашите чувства, ги искривија нашите мисли. Кога ќе видиме и најмала работа којашто се однесува на колонијализмот во нас или околу нас, мораме да се отарасиме од неа“, изјави меѓу другото Моди во 90-минутниот говор во индиската престолнина.
Со турбан прошаран со боите на индиското знаме, Моди, исто така, рече дека Индија би требало да ги „скрши термитите“ на корупцијата и непотизмот, да го следи принципот „Индија на првото место“ и да осигури „во говорот и однесувањето да не правиме ништо што го намалува достоинството на жената“.
„Самодовербата на Индија е одговорност за секој граѓанин, секоја влада, секоја пора на општеството“, рече премиерот Моди.
Индија, којашто своевремено ја нарекувале „бисерот во круната“ на Британската Империја стекна независност 1947 година по два века окупација и немилосрдна експлоатација на нејзините ресурси.
Британските политичари, покрај тешката финансиска состојба на Обединетото Кралство по Втората светска војна во којашто загинале околу 90.000 индиски војници, брзо ја поделија целата земја на два дела: мнозинскиот муслимански Пакистан и на главно хундуистичката Индија. Исто така, дојде до верско насилство во кое загинале најмалку милион луѓе. Цели возови полни со луѓе биле масакрирани, а огромен број жени силуван.
Тоа го покрена една од најголемите преселби на население во историјата. Милиони луѓе ги напуштија областите кои ги населувале со децении и тргнале кон Пакистан, доколку буле индиски муслимани, односно кон Индија доколку биле пакистански хиндуисти.
Кога 24 години подоцна тогашниот Источен Пакистан, помогнат од Индија и тогашниот Советски сојуз, започна бора за независноста и стана независен Бангладеш, нови милиони луѓе се раселени.
Спорниот регион Кашмир, исто така, во 1947 година е поделена меѓу Индија и Пакистан, а од тогаш двете земји нуклеарни сили за оваа област водеа три војни, како и бројни помали повремени судири.
Основачите на независна Индија настојувале да обезбедат сите Индијци може да ја практикуваат својата вера, но со јасна одвоеност на државата и верските заедници. Меѓутоа, многумина а особено меѓу околу 200-те милиони индиски муслимани, стравуваат дека тие идеали се на удар на хундуистичката националистичка партија Бхаратија Џанат (BJP) на Нарендра Моди, чиишто многу приврзани ја поддржуваат хундуистичката хегемонија.
Населението на Индија порасна од тогаш од околу 340 милиони на денешните 1,4 милијарди луѓе, а се предвидува дека ќе ја надмине Кина како најнаселена земја во светот уште оваа деценија.
Од друга страна, иако индиската економија е една од најголемите и најбрзорастечките на светот, милиони и натаму се во сиромаштија.
Жените често се маргинализирани и трпат високо ниво на сексуално насилство, додека честопати опресивниот систем на хиндуистичката кастинска хиерархија сѐ уште се применува во поголемиот дел од земјата,
Индиските води и нејзините градови се едни од најзагадените во светот, а земјата е третиот најголем емитер на стакленичките гасови. За 48 години владата планира да ја постигне јаглеродната неутралност на Индија.