Иран категорично отфрла секаква поврзаност со нападот врз Салман Ружди

Иран во понеделникот „категорично“ ја отфрли секоја поврзаноста со нападот врз писателот Салман Ружди, автор на книгата „Сатански стихови“, кои во петокот беше повеќепати избоден со нож на собир во САД.

Семејството на Салман Ружди соопшти во неделата дека чувствува „големо олеснување“, бидејќи британскиот писател е симнат од респиратор, додавајќи дека и натаму е „во критична состојба“, но дека веќе може да изговори по неколку збора.

Британскиот државјанин по потекло од Индија која мораше да ја напушти по објавувањето на романот „Децата на полноќта во 1985 година поради закани.

Ружди во петокот требаше да одржи предавање во американската сојузна држава Њујорк, кога 24-годишниот жител на Њу Џерси, Хади Матар со либанско потекло, го прободе неколкупати во стомакот и вратот. Напаѓачот е уапсени и се изјасни дека не е виновен.

„Категорички демантираме секаква поврзаност меѓу агресорот и Иран и никој нема право да ја обвинува Исламската Република Иран“, изјави Насер Канани, портпарол на министерството за надворешни работи во првата официјална реакција на Техеран по нападот на Ружди.

Неговиот роман „Сатански стихови“ во 1988 година предизвика критики во муслиманскиот свет а од тогашниот ирански врховен водач ајатолахот Хомеини кој фрли фетва (анатема), односно повик како непријател на исламот за кој е дозволено да биде погубен и повик за убиство на сите поврзани со издавањето на книгата, објави награда од три милиона долари.

Иранската влада во 1998 година ја укина фетвата, па Ружди последните години живееше релативно мирно, но сѐ уште со обезбедување.