
Рускиот претседател Владимир Путин во писмото до севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун по повод Денот на ослободување на Северна Кореја напишал дека Москва и Пјонгјанг ќе ги прошират билатералните односи, известија севернокорејските државни медиуми.
Во писмото, Путин навел дека Русија и Северна Кореја „со заеднички напир ќе ја прошират сеопфатните и конструктивни билатерални односи“.
Путин притоа оценил и дека поблиските врски би биле во интересот на двете земји, како и дека би помогнале во јакнењето на безбедноста и стабилноста на Корејскиот полуостров и регионот на североисточна Азија, објави севернокорејската новинска агенција KCNA.