
Почетокот на новата седмица носи стабилизирање на временската состојба. Во понеделникот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Утринските температури се движат во интервалот од 8 до 18 степени, а максималните дневни ќе порасната до 22 односно 33 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска исто така ќе биде сончево со умерена облачност и слаб ветер. Утринската температура достигна до 13 степени, додека дневната ќе се искачи до 31 Целзиусов степен