
Станува збор за антицелулитен напиток кој треба да го пиете секое утро наместо појадок неколку дена. Покрај тоа што ќе го раствори целулитот, ќе ви даде многу енергија и ќе ви го прочисти организмот, особено од вишокот вода во организмот.
Овој напиток можете да го консумирате наместо класичен појадок, бидејќи неговата вредност е доволна за да го започнете денот со одличен додаток – растворање на целулитот и вишокот маснотии. Одличен е и како спасител во последен момент доколку не сте вежбале редовно или не се храните здраво, а треба да изгубите неколку килограми. Со овој едноставен пијалок брзо ќе ги добиете посакуваните резултати.
Се што ви треба се овие состојки:
вода,
грст спанаќ,
половина банана,
половина портокал,
неколку круга од ананас,
една лажичка цимет
Сите состојки ставете ги во блендер или убаво измешајте додека не добиете напиток. Додадете вода според саканата количина на пијалок, се претпоставува дека е доволно една голема чаша. Само споменатите состојки се добитна комбинација. Спанаќот е дел од него бидејќи е добар извор на железо и влакна и го подобрува варењето.
Ананасот има диуретични својства, содржи антиоксиданси кои многу добро делуваат на кожата. Бананата е полна со калиум и витамин Б6, а циметот ја поттикнува циркулацијата, што е многу важно во борбата против целулитот, кој делумно е предизвикан од лошата циркулација.