
Екипи на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје деновиве интензивно работат на санација на пешачката патека која се наоѓа на насипот на река Вардар.
Патеката која е во насока од мостот “Обединети Нации” во долниот дел кон мостот кај хотел “Александар Палас” е оштетена на повеќе места и на неа се санираат оштетените бехатон плочи, се менуваат оштетените рабници, како и оштетените заштитни столбчиња.
По налог на Град Скопје активностите за санација на пешачката патека на кејот на река Вардар продолжуваат и во наредниот период.