
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец. УВ=8
Утринските температури ќже се движат од 12 до 20 степени, а максималните дневни ќе достигнат 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала локална облачност и максимална температура од 34 степени.
Следува краток период на сончево и многу топло време со пораст на температурите на воздухот. Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурите во повеќето места ќе бидат над 35°С, а во југоисточните подрачја и над 40°С. Од петок од крајот на денот, преку ноќта и во сабота ќе биде нестабилно.