
Побарувачката на камини за домаќинствата во Чешка е зголемена за десет пати во однос на минатото лето, а поради преоптовареноста на производителите, клиентите мора да чекаат шест до осум месеци.
„Ваквата ситуација е поттикната од острото зголемува на цените на струјата и енергенсите“, оцени во четвртокот за медиумите Мартин Пех, директор за трговија во компанијата „Upgates“.
„Одговарајќи на острото поскапување на гасот и струјата, луѓето побрзаа да бараат алтернативни решенија, а сегашна побарувачка на камини е една од тие опции. Од порано декоративен елемент во домот, каминот стана се враќа на својата првична намена за затоплување. Во крајна линија, греењето на дрво е сепак значително поевтино, отколку со гас или електрична енергија“, истакнал Пех.
Новите и висококвалителни камини на чешкиот пазар миже да се купат за 30.000 чешки круни, или до 1.300 евра, но според Пех, се купувачите се заинтересирани и за камини чијашто цена достигнува и до 100.000 круни, или над 4.200 евра, па и поскапи модели.
Истовремено, во земјата забрзано расте и побарувачката на огревно дрво, но и неговата цена. Во вториот квартал годинава просечната цена на кубен метар огревно дрво според државната компанија „Шуми на Чешка“ пораснала за 11 отсто на годишно ниво, надминувајќи 1.000 круни, односно околу 44 долари.
Според чешкото статистичко биро, цената на струјата во јули пораснала за 33,6 отсто на годишно ниво, а на гасот за 59,8 отсто.