
Во Кавадарци 10 општински јавни установи добиваат струја од сонцето, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
-Локалната самоуправа Кавадарци во потполност ја заврши првата фаза од проектот за инсталација на фото-напонски панели поставени на 10 јавни установи. Станува збор за мошне важен проект.
Инвестираните финансиски средства во овој значаен проект ќе бидат вратени за една година, а јавните установи ќе користат електрична енергија од сонцето и ќе имаат заштеди, затоа што електрична енергија набавуваат на слободен пазар а таа е со многу високи цени, соопшти градоначалникот.
Јанчев нагласи дека панели за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија ќе се инсталираат и на други општински установи во општината Кавадарци.