
Националниот парк „Маврово” доцна синоќа на официјалната Фејсбук страна објави информација за повредена мечка на делницата Дебар – Маврово, на потегот помеѓу село Јанче и Ростушки мост, која би можела да биде агресивна откако ја удрил автомобил.
– Ве известуваме дека вечерва на потегот помеѓу с. Јанче и Ростушки мост од страна на автомобил е повредена мечка. Ги замолуваме спортските риболовци и другите посетители кои ќе се движат на тој потег да бидат многу внимателни бидејќи повредената мечка може да биде агресивна, објавено е на Фејсбук страната на Националниот парк „Маврово”.
Од таму додаваат дека доколку некој ја забележи, веднаш да ги извести службите на НП Маврово.