
Работниците во Франција во рекордна бројка давале меѓу крајот на 2021 и почетокот на 2022 година, повеќето во потрага по постојана работа, покажува извештајот на министерството за труд.
Повеќе од милиони Французи дале отказ во период меѓу октомври минатата и март оваа година, покажала студијата на истражувачкото тело на министерството за труд Dares, а 90 отсто од нив сакале да имаат постојани договори за работа кои нудат ниво на заштита која е меѓу најдобрите на светот.
Бројката е рекордно висока, меѓутоа трендот не е толку изразен доколку се земе предвид зголемувањето на вкупната работна сила последните години, забележуваат од Dares.
Сѐ повеќе луѓе во многу земји ширум светот дале отказ во текот на двегодишната пандемија на Covid-19, преиспитувајќи ги професионалните и животни избори. Американскиот професор Ентони Клоц овој тренд го нарече „great resignation“ (големиот/ масовен отказ).
Француските податоци не укажуваат на масовно намалување на работната сила, тврдат од Dares.
Според нивното истражување, стапката на откази изнесувала во првиот квартал од годинава 2,7 отсто и била најголема по периодот на финансиската криза 2008/2009-та, но сепак малку пониска отколку пред самата последна криза кога изнесувала 2,9 отсто.
„Во актуелното опкружување зголемувањето на стапката на откази се чини нормално и во согласност со економското закрепнување од кризата што ја предизвика Covid-19“, толкуваат од Dares.
На работниците во прилог им одат и тензиите на пазарот на трудот, отворајќи им низа можноста во потрага по постојано работно време.