
епознати напаѓачи ја презеле контролата врз хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, на што претходеле две експлозии и пукотница, соопшти денеска полицијата.
„Цел на нападот извршен со два автомобили-бомби бил хотелот ’Хајат’. Едното возило удрило во оградата во близина на хотелот, а другото во хотелската порта. Најверојатно терористите се во хотелот“, ја пренесуваат агенциите изјавата на локален полицаец.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда.
Засега нема информации за жртви во инцидентот, но експлозии се слушнале и по упадот на напаѓачите во хотелот.
Хотелот „Хајат“ е популарно собиралиште на пратеници и владини претставници.
Денешниот напад е првиот поголем напад откако претседателот Хасан Мохамуд ја презеде функцијата во мај