
Најстарата жителка на Полска и втората најстара жена во светот, Текла Јуниевич почина на 116 годишна возраст, објави во петокот полското радио RMF.
Јуневич од крајот на Втората светска војна живеела во Шлезија во јужна Полска, каде со семејството се преселила по почетокот на Првата светска војна. Родена е на 10-ти јуни 1906 година во селото Крупско, во тогашна Австро-Унгарија, 40 километри од Л’вов кој сега е во составот на соседна Украина.
Во 1980 година Јуневич останала вдовица и до 103-та година живеела сама, справувајќи со сите домашни работи. Потоа за неа се грижеле нејзините внуки.
Роднините велат и дека покрај длабоката возраст, таа секогаш била активна, расположена за шеги, сакала да чита и да игра карти.
Најдолговечната жена на планетата во моментов, чијашто возраст е документирана е француската монахиња Андред, со световно име Лусил Рандон, родена на 11-ти февруари 1904 година, или со полни 118 години.