
Јавната дискусија за танцувањето и пеењето на 36-годишната финска премиерка Сана Марин на приватни забави не престануваат, особено по појавувањето на нови снимки на кои се гледа како во еден клуб во главниот град Хелсинки танцува со финскиот пејач 39-годишниот Олави Уусивирт.
Премиерката Марин се соочува со сѐ пожестоки критики од јавноста откако во четвртокот беше објавена снимка на којашто се гледа како танцува со познати фински инфлуенсери и уметници на приватна забава во стан, пред заминување на уште два бара.
Во најновото видео Марин е снимена додека танцува со Уусивирт, а двајцата повремено се допираат со рамењата и колковите. Музичарот накусо се наведнува нанапред како да сака да ѝ шепне нешто на увото или, како што пишуваат некои медиуми, да ја бакне во вратот.
На прес-конференцијата во петокот финската премиерка изјави дека не се сеќава дали мажот со кој танцувала ја бакна во вратот. Рече дека и самата ја гледала снимката и дека се чини дека Уусивирт нешто ѝ зборува.
„Да, навистина, мажена жена сум, но мислам дека тоа се работи кои се однесуваат на мојот приватен живот и немам намера натаму да ги коментира. Покрај тоа, мислам дека во тоа видео не се случува ништо непримерно“, рече Марин.
Снимкава во петокот ја коментираше и музичарот.
„Има многу нагаѓања во јавноста за природата на односот меѓу мене и премиерката Сана Марин. Можам само да кажам она што е вистина: ние сме пријатели и меѓу нас не се случи ништо непримерно“, напиша Уусивирт на Instagram.
По објавувањето на првата видеоснимка, Марин изјави дела во петокот била на тест на дроги, откако фински новинари пишуваа дека слушнале коментари за присуство на други на забавите на мои присуствувале премиерката.
Снимките и фотографиите остро ја поделија нацијата и отворија јавна дискусија за истапите на премиерката Марин во јавноста.
Во времето кога настанала видеоснимката, премиерката Марин штотуку се вратила од годишниот одмор, пишува новинската агенција STT и додава дека „тоа значи дека немало личност која би ја заменила и преземала нејзините должности“ во тој момент.