
Дипломат од мисијата на Јужен Судан при Обединетите нации приведен во текот на викендот под обвинение за силување, бил ослободен поради неговиот дипломатски имунитет, објави The New York Post.
„Дипломат на ОН од Африка беше обвинет за силување во … Менхетен во текот на изминатиот викенд, но њујоршката полиција го ослободиле бидејќи тој ужива дипломатски имунитет“, се наведува во соопштението.
Како што наведува весникот повикувајќи се на податоци од полицијата, 46-годишниот Чарлс Дикенс Имене Олиха, кариерен дипломат при министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Јужен Судан бил уапсен во неделата во врска со наводен сексуален напад врз жена во нејзиниот стан.
Според сознанието на весникот, дипломатот бил приведен поради сомневање за силување и однесен на сослушување. Меѓутоа, веднаш откако инспекторите дознале дека тој ужива имунитет, брзо бил ослободен без поднесување формално обвинение. Наводно, осомничениот само ја следел жртвата, со која живеел во иста зграда, до нејзиниот стан среде ден и двапати ја силувал.
Весникот наведува уште неколку примери на странски дипломати акредитирани во седиштето на ОН во Њујорк, кои изминатите неколку години исто така избегнале кривична одговорност поради имунитетот кој го уживале.