Шведската полиција деактивирала експлозивна направа во парк во центарот на Стокхолм

Шведската полиција деактивирала торба со експлозив откриена во парк во центарот на главниот град Стокхолм доцна ноќта во неделата, соопшти во понеделникот портпаролот на полицијата.

Паркот во кој е пронајдена во паркот во центарот на шведската престолнина е едно од места во кој се одржува годинешниот Фестивал на културата. Годинава тој се одржуваше од 17-ти до 22-ри август.

„Полицијата процени дека торбата којашто во неделата е пронајдена во Кунгстрадгарден содржи експлозив“, се наведува во соопштението на полицијата.

Областа на којашто е најдена торбата била привремено блокираа, а бомбата деактивирана и извадена од торбата. Властите во понеделникот утрото спровеле форензичка истрага, додаваат до шведската полиција.

„Сега ќе треба да се проучат сите елементи добиени со истрагата. Дури по целосното прегледување во националниот форензички центар ќе можеме со сигурноста да кажеме дали опасниот предмет бил употреблив“, изјавил полицискиот началник Ерик Акерлунд.