Зеленски со предупредување да не им се суди на неонацистите од Азов

Разговорите со Русија ќе се прекинат доколку борците од Азов се гонат во Донбас, вели украинскиот претседател.

Нема да има повеќе мировни разговори со Русија доколку им се суди на заробените припадници на батањонот Азов, истакна претседателот на земјата Влодимир Зеленски.

Властите на Доњецката Народна Република (ДНР) претходно соопштија дека планираат трибунали за осомничени воени злосторства извршени од украински војници, вклучително и членови на неонацистичкиот баталјон Азов, чии редови вклучуваат симпатизери на Хитлер со отворено ултранационалистички ставови.

„Доколку се случи ова одвратно шоу судење, Ова ќе биде линијата над која ќе бидат невозможни какви било преговори. Со Русија ќе прекинат преговорите“, рече Зеленски во видео обраќањето, додавајќи дека таквото судење би било кршење на меѓународното право.

Изјавата на Зеленски доаѓа откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои наводно се гледаат големи кафези како се поставени на сцената на Мариуполската филхармонија. Украинската воена разузнавачка служба ГУР соопшти дека ќелиите ќе се користат за сместување на украинските војници заробени од руските и силите на Донбас за време на опсадата на фабриката за челик Азовстал во Мариупол. Тие главно беа борци од батањонот Азов.

Шефот на ДНР, Денис Пушилин за ТАСС овој месец изјави дека се во тек „активни подготовки“ за постапката. „Првиот трибунал најверојатно ќе се одржи во Мариупол. Ќе се организира до крајот на летото“, рече тој.

Мировните преговори меѓу Русија и Украина се во застој од пролетта.