
Американската администрација нашла повеќе од 300 документи со ознака за тајност на имотот на поранешниот претседател Доналд Трамп на Флорида, вклучително и материјали на Централната разузнавачка агенција (CIA), Агенцијата за национална безбедност (NSA) и Федералното биро за истраги (FBI), пишува весникот The New York Times повикувајќи се на повеќе извори упатени во проблематиката.
Агентите на FBI на 8-ми август земале 11 комплети документи од приватното одморалиште на Трамп во Мар-а-Лаго во Палм Бич. Станува збор за документи, од кои според тврдењето на Трамп била симната ознаката „доверливи“, но во меѓувреме администрацијата на Белата куќа на неговиот демократски наследник на должноста повторно ги означила за „доверливи“, а некои и како „многу доверливи“, што е статус резервиран за документите кои содржат најчувствителни податоци поврзани со американската национална безбедност и коишто може да бидат прегледдани само во поседбни државни институции.
Почетната серија од повеќе од 150 документи означени како тајни ги пронашол Националниот архив на САД, извести NYT. Соработниците на Трамп му дале на американското Министерство за правосудство втор сет во јуни, додека третата серија документи е запленета во рацијата на FBI претходно во август, се додава во написот.
Министерството за правосудство засега не одговорила на барањата на медиумите за коментар, како ни претставниците на поранешниот претседател.
Трамп во понеделникот побара од федералниот суд привремено да го блокира FBI во прегледот на материјалите кои ги заплени на 8-ми август, додека не биде именувана комисија којашто ќе го надгледува прегледот на документите.
Претресот е дел од федералната истрага за тоа дали Трамп незаконски ги отстранил документите кога ја напушти Белата куќа во јануари 2021 година. Трамп обвини дека станува збор за политички мотивиран чин поради неговата најава за кандидирање на претседателски избори во 2024 година, како и поради тоа што демократите на Бајден многу заостануваат во анкетите пред ноемвриските избори за Конгресот на половината од неговиот мандат. Министерството за правосудство, пак, тврди дека непристрасно го применува законот.