
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа славеа во големото дерби против Ливерпул со 2:1.
Низата лоши резултати клубот од „Олд Трафорд“ ја прекина освојувајќи три бода. Водек=чкиот гол го постигна Џејдон Санчо во 16 минута.
-Многу ни значи оваа победа. Во првите две кола не одеше добро и денеска се свртевме. Многу не’ болеше минатата недела, знаевме дека мора да се вратиме вечерва и да им покажеме на навивачите што можеме, изјави Санчо по натпреварот.
Додава дека сега одат понатаму и дека следнито натпревар е исто толку важен.