
Весела математика на СДСМ, мешаат баби и жаби, но бројките се децидни – СДСМ изгуби во Тетово. ВМРО-ДПМНЕ доби 4 советници во Тетово наспроти 2 кои ги доби СДСМ, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Владејачката коалиција е делегитимирана во Тетово.
Не знаејќи како да го оправда поразот во Тетово, СДСМ се фали со избор на градоначалник во Центар Жупа каде немало против кандидат.
Само СДСМ како во комунизмот може да се фали со избор и победа на кандидат, без противкандидат.
СДСМ е делегитимирана. Само оставка од Ковачевски и распишување на предвремени избори се решение“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.