Норвешка и Велика Британија ќе донираат микро-дронови на Украина

Норвешка и Велика Британија заеднички ќе испорачаат микро беспилотни летала „Black Hornet“ на Украина за да ѝ помогнат во војната против Русија, соопшти норвешкото Министерство за одбрана.

Дроновите, кои ќе му бидат донирани на Киев, се користат за извидување и препознавање на цели и чинат околу 90 милиони норвешки круни (9,26 милиони американски долари), соопшти министерството.

Пакетот помош вклучува, покрај самите дронови, резервни делови, транспорт и обука за нивно користење.