Папуа Нова Гвинеја доби министри за кафе и за палмино масло

Папуа Нова Гвинеја го објави составот на новата влада, а притоа добила министри за кафе и за палмово масло, пренесува во средата британскиот дневен весник The Guardian.

Функцијата министер за кафе, најверојатно е првата таква во светот и покажува колку тамошната нова влада е посветена на експанзијата на клучните земјоделски индустрии, изјавил премиер Џејмс Марапе.

Тој, исто така, првпат именувал и министер за палмово масло. Покрај овие два нови ресора, Папуа Нова Гвинеа го има и традиционалното министерство за земјоделство.

„Овие две именувања го издигнуваат земјоделието на значаен начин, за да видиме раст во на оваа гранка во земјата“, додал Марапе претставувајќи го составот на новата влада од 33 членови.

Кафето од Папуа Нова Гвинеа последните години се појави како посакуван увозен производ во локалите ширум Австралија, САД и Јапонија. Тие нашироко го рекламираат популарниот пијалак подготвен од зрната кафе одгледувано на оваа островска држава во Океанија.

Со производството на кафе во земјата доминираат малите земјоделци во селата, кои произведуваат приближно 85 отсто од годинешниот род. Кафето е извор на приходи за близу дава милиона жители, односно околу четвртина од населението.

Кафето е вториот најголем земјоделски производ во Папуа Нова Гвинеја, по палминото масло