Донесени одлуки за кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Град Скопје и електрична енергија во целата земја

На владината 74-та седница одржана во четвртокот вечерта констатирано е „постоење  кризна состојба“ во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на земјата.

Првата Одлука, како што наведуваат од владината служба за односи со јавноста, е донесе поради недостиг од топлинска енергија, можноста за користење алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Додека втората е донесена поради недостиг од електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

Двете одлуки се донесени на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ќе отпочне да се применуваат од 1-ви септември 2022 година.

Постоењето на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија и на топлинската енергија ќе трае 30 дена од денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки.

Со денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки, Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија и за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија постојано ја следи, анализира и проценува состојба на пазарите на електрична и топлинска енергија и предлага мерки согласно уредбите кои ги регулираат критериумите и условите за прогласување на кризна состојба.