
На 24.08.2022 во 21.30 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Tетово го лишиле од слобода 45-годишниот тетовец З.Д. поради сомнение дека околу 19.30 часот на улица „Гостиварска“ во Тетово, противправно одзел патничко моторно возило „фолксваген поло класик“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 64-годишниот тетовец И.Ш.
Taкси возилото, кое било паркирано незаклучено со клучевите во брава, нешто подоцна било пронајдено на улица „146“ во Тетово и вратено му е на сопственикот И.Ш., додека З.Д. е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.