
Американската администрација сѐ уште не исклучува дека руско-украинскиот судир ќе продолжи уште неколку месеци, но не може да го предвиди колку војната ќе трае, изјави средата на брифинг со новинарите координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.
Зборувајќи на денот кога Украина го одбележуваше Денот на независноста и шесте месеци од почетокот на руската инвазија, Кирби ја коментираше најавата на американската влада за новиот пакет воена помош за која претходно функционери во Вашингтон рекоа дека можеби ќе биде потребен значителен период потполно да биде развиен.
„Не би го сметал тоа (…) како некаков показател, кој би покажувал колку долго според наша процена би траела војната. Станува збор за дополнителен механизам кој го користевме порано и го користиме повторно сега. Како што реков претходно (…) тоа не значи дека нема да продолжиме да објавуваме за натамошни пакети (воена помош за Украина) врз основа на овластувањата на (американскиот претседател Џо Бајден) за испорака (оружје на Киев) од постојните резерви. Тоа може да се случи во текот на денот… Таквите опции за дејствување ги имаме“, истакнал Криби.
Потсетил дека претходно американската администрација сметала дека борбите во Украина би можеле да продолжат „во текот на неколку месеци.
„Уште колку месеци? Ние не знаеме“, истакнал Кирби додавајќи дека од негова гледна точка, тоа зависи од Русија.
„Меѓутоа, би бил внимателен да направам паралела меѓу користењето на механизам на порачка (на оружје и воена опрема за Украина од американската воена индустрија) и некој вид предвидување за тоа колку тоа долго ќе продолжи. Не би исклучи во иднина да видите уште повеќе (воена помош за Украина) преку механизмот за нарачка (од американскиот воено-индустриски) комплекс“, додал Кирби.
Оружјето во Украина може да стигне од една до три години
Претходно во средината на брифингот во Пентагон, заменикот на американскиот министер за одбрана за политички прашања Колин Кол изјави дека некои видови оружје од новиот пакет воена помош на САД за Украина во земјата ќе може да стигнат дури по една до три години.
„Што се однесува до оружјето во овој пакет, зборуваме за системи за коишто ќе бидат потребни месеци да се склучат договори (за нивното производство). Пред да пристигнат во Украина, во некои случаи ќе бидат потребни, година две или три“, рече Кол изразувајќи уверување дека САД ќе имаат време да ја обучат украинската војска за користење на тие видови оружје.
Според Кол, новиот пакет воена помош за Украина е осмислен за долгорочна перспектива и треба да ја обезбеди поддршката за Киев во наредните години.
„Овој пакет (…) е дизајниран да ѝ го даде на Украина она што ѝ потребно на среден и на долг рок. Нема никаква поврзаноста со борбата денеска, утре или следната седмица. Станува збор за способноста на Украина да се одбрани и да ја одврати агресијата по една, по две години“, изјави претставникот на Пентагон.
Додаде дека во Пентагон сметаат оти приоритетни за Киев се испораките на американските наведувани ракети од моделот GMLRS за повеќекратните ракетни системи со долг дострел HIMARS и се надеваат дека тоа ќе ѝ овозможи на Украина да го спречи напредувањето на руските трупи на истокот од земјата.
„Се фокусираме на испораките на GMLRS. Патем, би сакал да забележам дека тие имаа неверојатен ефект… Украинците ги користат за удари врз командни места, логистички јазли и други логистички објекти“, реле Кол.
Според него, САД веруваат дека ова оружје „имало ефект што овозможи да се спречи напредувањето на руските трупи на истокот“.
„Мислам дека Русите навистина го забавија напредувањето на истокот, а руските сили и средства се под закана на други места во земјата, што ги отежна плановите на Русија. Нашата оцена е дека GMLRS се најважното нешто на што треба и натаму да се фокусираме и сега има постојана нивна испорака во Украина“, заклучи Кол.
Новиот пакет вклучува шест мобилни противвоздушни ракетни системи NASAMS со кус и среден дострел, 250.000 артилериски проектили од 155 милиметри, 65.000 парчиња 120-милометерска минофрлачка муниција, 24 протиавртилериски радарски системи, извидувачки беспилотни летала „Puma“, опрема за разузнавачките дронови „ Scan Eagle“, ракетни системи за борба против беспилотни летала „Vampire“, ракетни системи со ласерско наведување, како и финансирање за обука и осигурување воен персонал.
Оружјето и опремата ќе бидат обезбедени како дел од иницијативата за соработка во безбедноста на Украина, што подразбира склучување соодветни договори од страна на американското Министерство за одбрана со производителите, а не обезбедување на опремата и средствата директно од резервите на Пентагон.
САД ѝ дале на Украина за една година оружје колку нејзини три годишни буџети за војската
Во Вашингтон во средата објавија за нов пакет воена помош за Киев во износ од дополнителни три милијарди долари. Со тоа САД продолжуваат да ѝ пружаат воена помош на Украина од јануари 2021 година, во обем приближно трипати повеќе од нејзиниот едногодишен одбранбен буџет, рече во средата на брифинг за новинарите го соопшти прес секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
„Го најавивме новиот пакет помош од три милијарди долари, што е најголемиот за сегашната администрација. Севкупно, од доаѓањето на оваа администрација во јануари 2021 година објавивме за околу 13,6 милијарди долари безбедносна помош за Украина. Тоа сума без преседан. За да биде појасно, тоа е трипати повеќе од годишниот воен буџет на Украина“, рече портпаролката.
„Најавата претставува почеток на процесот склучување договори според кои Министерството за одбрана ќе набави дополнителни воени средства за Украина. Тоа значи дека дел од овој процес на набавка на оружјето за Украина ќе потрае извесно време. Немам сознанија за конкретни рокови“, додаде Жан-Пјер.
Потврди дека американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот ќе му се јави на украинскиот Владимир Зеленски и ќе разговараат за текот на воената помош на Вашингтон за Киев.
„Претседателот ќе разговара со Зеленски, со кога повеќепати зборуваше изминатите неколку месеци. Имаме отворена линија за комуникација, не само со претседателот Зеленски, туку и со неговиот владин тим. Веројатно ќе имаме изјава и ќе споделиме повеќе детали за разговори….Но претседателот сака да го усогласи времето со Зеленски, а тоа ќе се случи утре“, заклучи портпаролката на Белата куќа.