
Папата Франциско во телевизиско интервју во петок ги замолил властите во Пјонгјанг да го поканат на посета на Северна Кореја, додавајќи дека нема да пропушти можност да ја пропушти таа земја и да работи за мир.
Потенцијалната посета на папата во таа изолирана, нуклеарно вооружена земја била најавена за 2018-та година, кога поранешниот јужнокорејски претседател Мун Јае Ин започнал дипломатија со лидерот на Пјонгјанг Ким Јонг Ун. Мун, кој е католик, на самитот рекол дека Ким му кажал дека папата ќе биде „ентузијастично“ дочекан.
Папата Франциско тогаш одговорил дека би сакал да ја посети таа земја ако добие официјална покана. Но, Пјонгјанг во главно го прекинал контактот со Сеул откако пропаднал вториот самит меѓу Ким и тогашниот американски претседател Доналд Трамп во 2019-та година.
„Кога ќе ме поканат – односно, ве молам, поканете ме – нема да ги одбијам“, изјавил Папата за јужнокорејската државна телевизија КБС во интервју кое емитувано денеска. „Целта е едноставно братство“, додал тој.
Врските меѓу Северна и Јужна Кореја биле на најниско ниво откако Сеул во мај го инаугурирал новиот претседател, Јун Сук Јеол. Јун и понудил помош на Северна Кореја во замена за денуклеаризација, но режимот на Ким го исмеал овој план.
Северна Кореја ја обвинила Јужна Кореја за избивањето на ковид-19 во мај, а во август се заканила дека ќе ги „избрише“ властите во Сеул како одмазда. Северна Кореја оваа година извела рекорден број на тестирања на оружје, вклучувајќи и лансирање на интерконтинентални балистички ракети со целосен домет прв пат од 2017-та година.
„Работете за мир“
Папата неколку пати ги повикал Корејците на полуостровот да работат за мир. „Вие, корејскиот народ, патевте од војни“, рекол тој.
Верската слобода е содржана во уставот на Северна Кореја, но сите верски активности се забранети надвор од институциите кои го одобрува државата. На почетокот на 20-тиот век, пред поделбата на полуостровот, Пјонгјанг бил регионален мисионерски центар со многу цркви и растечка христијанска заедница, па го добил името Ерусалим од Истокот.
Но, Ким Ил Сунг, основач на Северна Кореја и дедо на сегашниот лидер, христијанството го сметал за закана и го искоренил со ликвидации и работни логори.
Севернокорејскиот режим сега им дозволува на католичките организации да спроведуваат хуманитарни проекти, но директни односи на таа земја со Ватикан не постојат.
Папата Франциско ја посетил Јужна Кореја во 2014-та година и потоа одржал посебна миса посветена на повторно обединување на Северот и Југот.