Сончево со умерена облачност, попладне локален пороен дожд

Времето во Македонија во петокот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови особено во западните делови со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе изнесува 7.

Утринските температури се движат во интервалот од 12 до 21 степен, а максималните дневни ќе достигнат меѓу 26 и 33 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во текот на попладневните часови можни се врнежи.

Утринската темература достигна 18 степени, а дневната ќе се искачи до 32 Целзиусови степени.