Пепелта на Нишел Николс, поручникот Ухура од „Ѕвездени патеки“ ќе биде испратена во Вселената

Покојната актерка Нишел Николс, најпозната на публиката како поручникот Ухура во „Ѕвездени патеки“, е уште една членка на телевизиската серија од 1960-те години чиишто посмртни останки ќе летаат во Вселената.

Николс, која почина на 30-ти јули годинава на возраст од 89 години, беше доживувана како личност заслужна за разбивање на расните стереотипи и редифинирање на холивудските улоги на црните актерки на врвот од движењето на граѓанските права во САД, како една од првите црнкињи кои портретирале моќен филмски лик.

Се е додадена на постхумниот манифест на патници со вистинско вселенско летало кој носи збирка шишенца и примероци на ДНК на десетици вселенски ентузијасти на последното и вечно патување околу Сонцето, наведуваат организаторите.

Другите членови на актерската постава и челните луѓе на франшизата „Ѕвездени патеки“ чиишто останки ќе летаат во Вселената ги вклучува Џејмс Духан, кој го толкуваше ликот на главниот инженер Скоти и креаторот на серијата Џин Роденбери.

Ќе бидат лансирани и посмртните останки на сопругата на Роденбери, Меџел Барет-Роденбери, која ја играше медицинската сестра Кристин Чепел, како и реномираниот уметник на научно-фантастични визуелни ефекти Даглас Тамбл, чиишто проекти се во филмовите како „2001: Одисеја во Вселената“ и „Ѕвездени патеки 1“.

Лансирањето го организира „Celestis Inc“, компанија со седиште во американската сојузна држава Тексас, која во растечкиот комерцијален вселенски сектор им нуди одредена мера космичка бесмртност на коминтентите кои можат да си дозволат вакво драматично испраќање. Од „Celestis Inc“ не ја открива цената на овој лет, но на нивната веб-страница се наведуваат цените на нивните меморијални, всушност погребни, вселенски летови.

Датумот на лансирањето сѐ уште не е одреден. Но претстојниот меморијален лет ќе се одвива со ракетата „Vulcan Centaur“, којашто заеднички ја развиваат компаниите од воено-воздухопловната индустрија „Boeing“, „Lockheed Martin“ и „United Launch Alliance“ (ULA).

Според плановите, повеќе од 200 капсули со човечки останки и ДНК, односно она што во „Celestis Inc“ го нарекуваат свој „Enterprise Flight“, би требало да влезат во горниот дел од ракетата којашто ќе лета во ткн длабока Вселена, вон гравитациските сили на Земјата и на Месечината, и на крајот ќе влезе во вечната соларна орбита, појасни Чарлс Чафер, соосновач и главен извршен директор на компанијата/

„Тоа е прекрасен спомен за неа, вечен“, изјавил за Reuters синот на Николс, Кајл Џонсон.

Американската агенција за вселенски истражувања NASA во 1970-те години ја ангажираше Николс да помогне во регрутирањето на тогаш маргинализираните групи и жените во агенцијата, Имаше влијание во привлекувањето таленти, како што се првата американска астронаутка Сали Рајд, првата црна астронаутка Меј Џемисон и првиот црн шеф во NASA, Чарли Болден.