Македонец уапсен во Бугарија, превезувал мажи од Авганистан со камион

Бугарската полиција утрово во градот Бургас уапси македонски државјанин кој превезувал мигранти во камион.

Станува збор за 60-годишен македонски државјанин. Тој превезувал мажи  од Авганистан. Според првичните информации, во приколката на камионот биле пронајдени повеќе од 100 лица.

Нив ги земал во областа Дебелт, а камионот поминувал низ Бургас. Полициски службеници го запреле камионот во приморскиот град. За случајот е поведена предистражна постапка.