
Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје пред еден час во скопско Синѓелиќ го лишиле од слобода З.В.(49) од с.Сингелиќ.
-За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од пет години за сторени кривични дела “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информира МВР.
Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.