
Секоја компанија во Франција мора да изработи план за штедење на енергијата којшто државата ќе го анализира, изјави во понеделникот премиерот Елизабет Борн.
Француската премиерка е првичните мерки ги најави во саботата, порачувајќи дека државата ќе основа „зелен фонд“ во износ од 1,5 милијарди евра кој на телата на локалните власти би требало да им помогнат во ткн еколошка транзиција.
Борн вети и дека нејзината влада со посебни уредби ќе го ублажи растот на цената на енергијата за најранливите социјални групо, по истекот на програмата за нивна заштита во декември.
Во говорот пред челновите на деловното здружение Medef, премиерката ги повика компаниите и граѓаните на „општа мобилизација“ во штедењето на енергијата. Секоја компанија во септември мора да изработи план за штедење на енергијата, истакна Борн, а владата ќе ги анализира во октомври.
„Државата мора да биде пример (…) секое министерство мора во септември да го доврши планот за штедење за да се намали потрошувачката за најмалку 10 отсто“, рече Борн.
Премиерката не исклучува ниту можност за оданочување на „екопрофитите“, поттикнувајќи ги сепак претприемачите самите да ги намалат цените или да ја подобрат куповната моќ на своите работници, користејќи ги целосно маханизмите коишто им се на располагање.
„Пораката на компанијата гласи: доколку не ја одиграте својата улога и не ја поткрепите куповната моќ на француските граѓани и работници, државата ќе ја преземе одговорноста и ќе се позанимава со супер-заработката“, појасни во неделата владиниот портпарол Оливие Веран.