
Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг ноќеска бил жртва на дрска кражба во својот дом во Кастелдефелс (предградие на Барса), во која не само што бил ограбен туку и претепан од напаѓачите кои носеле фантомки.
Според шпанските медиуми, крадците имале огнено оружје и метални прачки, со кои успеале да ги примораат фудбалерот и неговата сопруга да им го отворат сефот. Веднаш потоа тие побегнале со работи со голема вредност, меѓу кои и скапоцени камења, по што сопругата на Обамејанг повикала полиција.
Ова е само уште еден од низата напади врз фудбалерите, кои се повеќе зачестија во целиот свет.