ВИДЕО| Одложено пробното лансирање на гигантската ракета на NASA од новата генерација

Американската агенција за вселенски истражувања NASA во понеделникот на најмалку четири дена го одложи првото лансирање на гигантската ракета од новата генерација, којашто капсулата без екипаж требаше да ја понесе на шестседмичен пробен лет околу Месечината и назад на Земјата 50 години по последната мисија на програмата „Apple“ на Месечината.

Огромната двостепена ракета „Space Launch System“ (SLS) и нејзината капсула за екипажот „Orion“, од мисијата наречена „Artemis I“, беше предвидено да полетаат од Вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал на Флорида, но часот за одбројување е запрен на околу 40 минути пред лансирањето предвидено за 8,33 часот по локално време, односно 14, 33 часот по средноевропско време.

Од NASA објавија дека е детектиран проблем на еден од главните мотори на ракетата, откако започнало полнењето на резервоарите за гориво со течен кислород и водород. Агенцијата не објави кога точно ќе го повтори пробното лансирање, но наведе дека првиот моќен датум е петок 2-ри септември.

Прогласена од NASA за „најмоќната и најкомплексна“ ракета на светот, SLS претставува најголем нов вертикален лансирен систем кој американската вселенска агенција го изгради откако „Saturn V“ леташе во текот на програмата „Appolo“ на Месечината во 1960-те и 197-те години.

Капсулата „Orion“ има симулиран тричлен екипаж, една машка и две женски кукли, опремени со сензори за мерење на нивото на радијацијата и другите стресови коишто астронаутите би гои доживеала при лансирањето и во текот на летот.

Главната цел на мисијата е да се тестира издржливоста на топлотниот штит на „Orion“ во текот на повторното влегување во атмосферата на Земјата со брзина од 39.429 километри на час, или 32 пати побрзо од брзината на звукот, при враќањето од орбитата на Месечината, што е многу побрзо од повторните влегувањата на капсулите на астронаутите кои се враќаат од ниската орбите на Земјата

Програмата „Artemis I“, наречена по божицата Артемида односно сестрата близнак на Аполон (Apollo) според старогрчката митологија, има цел да ги врати астронаутите од површината на Месечината уште при мисијата во 2025 година и да воспостави долгорочна месечева колонија како отскочна штица за уште поамбициозните идни патувања со човечки екипаж на Марс.

Повеќедецениското развивање, со многугодишно доцнење и со милијарди долари надминатиот буџет, вселенското летало „SLS-Orion“ досега ја чинеше NASA 37 милијарди долари, во кои се пресметани дизајнот, конструкцијата, тестирањето и земските објекти.

Доколку биде успешен тестот, „Artemis I“ ќе создаде пат за првата мисија на „SLS-Orion“ со човечки екипаж, за летот околу Месечината наречен мисија „Artemis II“ планирана за 2024 година, по што треба да следи патувањето на „Artemis III“ на површината на Месечината.

Во текот на шесте мисии „Apollo“ со човечки екипаж од 1969 до 1972 година, единствените вселенски летала кои досега спуштиле и вратиле луѓе од површината на Месечината, дванаесет американски астронаути чекореле по површината на природниот сателит на Земјата, наведуваат од NASA.