
Невремето кое попладнево го зафати Скопје, направи вистински хаос по улиците.
Дел од нив се целосно поплавени, а на други делови има штети од паднати дрва.
Според видеата кои се објавуваат на социјалните мрежи, драматична била состојбата кај Мавровка.
Таму во водата на улица е заглавено возило на Итна помош.
Во возилото има пациент, кој како што информираат на видеото на социјалните мрежи, е во добра состојба.