
Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао остварија гостински победи во понеделникот вечерта во последните два натпревара од третото коло на шпанското фудбалско првенство.
Атлетико Мадрид со 1:0 ја совлада Валенсија, а победничкиот погодок го постигна повратникот во клубот францускиот напаѓач Антоан Гризман во 66 минута. Ова е втората победа за Атлетико, и сега со шест бодови е на шестото место на табелата. Валенсија е 14-та со три бода.
Претходно Атлетик Билбао беше супериорен со 4:0 на гостувањето кај Кадиз. Гостите на одмор заминаа со минимална предност остварено со погодокот на Инаки Вилијамс во 24 минута. Горја Гурузета во 56 минута го удвои водството, а победата потоа ја потврдија во 78 минута Алекс Беренгуер и Гурузуета со вториот погодок на мечот постигнат во судиското продолжение.
Атлетик по трите кола е во групата екипи со по седум бодови на петтото место, додека Кадиз е последен 20-ти без бодови.