
По силното невреме кое го зафати главниот град, градоначалникот заедно со претседателот на советот, советниците и службите на општината се на терен и во активна комуникација со градските претпријатија работат на отстранување на проблемите кои настанаа по дождот, проследен со силен ветер, информираат од општина Аеродром.
-Во моментов од наша страна се детектираат најпогодените точки во општината и секаде каде што е забележана штета предизвикана од невремето, истата ќе биде посочено до надлежните градски претпријатија за нејзиното санирање во најкраток рок. Општината Аеродром е вистински сервис на жителите и во соработка со градските претпријатија интензивно работи на решавање на проблемите на граѓаните и санирање на штетите, велат од општината.