
Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје интервенираат на улиците кои се поплавени од денешните обилни врнежи од дожд.
Денес 20-тина крстосници се целосно исклучени или на трепкаво светло и во координација со полиција се регулира сообраќајот.
Со ангажираност на сите работници и механизација се вршат активности на улиците во сите општини, се исправуваат латерни на семафорите, се санираат дефектите на сите семафори, се санираат оштетените заштитни столбови и екипи во координација со Градот и другите јавни претпријатија вршат активности за отстранување на паднати дрвја, како и за расчистување на шахтите и сливниците.
Екипите продолжуваат со потребните интервенции во текот на целата ноќ со цел да се санираат сите оштетувања на собраќајниците како последица од невремето.