
Повтроно пропадна камион во џампинг џет фонтаната на Плоштадот „Макадонија“ во Скопје.
Од утрово, на плоштадот се поставува бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје. Еден од камионите кој носеше опрема пропадна и фонтаната сега повторно е искршена и оштетена.
Ова е трето возило кое пропаѓа во фонтаната. Претходно пропадна еден камион кој работеше на прославата за ракометарите на Вардар кои станаа европски шампиони. Потоа, пропадна и една машина за чистење.