13.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од погодените скопски општини на терен се справуваат со последиците од невремето, од Владата молк

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од скопските општини Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба и Бутел се на терен по невремето кое го зафати Град Скопје, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

На терен веќе се работи за целосно расчистување на последиците настанати од невремето.

Кризните штабови ги утврдуваат штетите и истите ќе бидат посочени до надлежните градски претпријатија и ќе бидат санирани во најкраток рок, се вели во соопштението на партијата.