Копа Либертадорес: Атлетико Параненсе во предност по првиот меч

Во првиот полуфинален натпревар на годинешното издание од Копа Либертадорес, јужноафеиканскиот пандан на европската Лига на шампионите, фудбалерите на Атлетико Параненсе на својот стадион во Куритиба го совладаа бранителот на титулата Палмеираш со 1:0.

Единствениот погодок на натпревар ги постигна Алекс Сантана во 23 минута. Возвратниот дуел ќе се игра на 6-ти септември во Сао Паоло.

Втората полуфинална двојка ја прават аргентинскиот Велез Сарсфилд и минатогодишниот финалист, уште еден бразилски претставник Фламенго. Првиот дуел на овие ривали се игра во средата во Буенос Аирес, додека реваншот е на 7-ми септември во Рио де Жанеиро.

Финалето е на распоред на 29-ти септември во Гвајаквил во Еквадор.