
По средбата со претседателот на германската комисија за надворешни работи, Михаел Рот, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на Фејсбук напиша:
„На средбата со претседателот на германската комисија за надворешни работи Рот, се заблагодарив за вниманието и поддршката за Македонија, но изразив жалење што ЕУ не успеа да го спречи агресивниот ревизионизам од Бугарија по однос на самобитноста и етногенезата на македонскиот народ.
Ја искористив приликата да го повторам ставот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, дека сме против уцените од Бугарија за смена на Уставот, кој еминентниот германец Роман Херцог и французинот Роберт Бадентер го оценија со највисоки оценки“.